Бајден цени една работа која ја направил Трамп

Белата куќа му е благодарна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп што ја прими третата доза и ја промовираше вакцината против ковид-19, изјави денеска портпаролката Џен Псаки.

– Ние сме благодарни што поранешниот претседател доби трета доза, а исто така сме благодарни што тој јасно рече во едно неодамнешно интервју дека вакцините се ефикасни и безбедни – им рече Псаки на новинарите.

Во едно неодамнешно интервју, Трамп потврди дека ја примил третата доза и ја нарече вакцината против ковид-19 „едно од најголемите достигнувања на човештвото“, пренесува Ројтерс.

– Оние кои тешко се разболуваат или одат во болница се оние кои не се имунизирани. Ако се вакцинирате, вие сте заштитени – рече поранешниот републикански претседател во интервјуто.

Само 62 отсто од Американците се целосно вакцинирани, што е една од најниските стапки меѓу поразвиените земји, наведува Ројтерс.