Бајден доби ветер в грб по големата победа во Јужна Каролина

Огромната поддршка од црните гласачи го доведе порашниот потпретседател Џо Бајден до убедлива победа на демократските предизбори во сојузната држава Јужна Каролина, заживувајќи ја својата потклекната кампања за Белата куќа и давајќи му шанса да се врати на позицијата главен ривал на сенаторот Берни Сандерс.

Силната поддршка за 77-годишниот Бајден во демократската трка за противник на републиканскиот претседател Доналд Трамо во ноември доаѓа пред предизборите на ткн „супер-вторник“ кога на избирачките места во три дена излегуваат избирачи во 14 сојузни држави и територии на кои ќе се распределат третина од делегатите кои на националната конвенција го бираат партискиот кандидат на американските претседателски избори.

На предизборите во Јужна Каролина, Бајден освои 49 отсто од гласовите, Сандер 20 отсто, а милијардерот Том Стејер, кој веќе објави дека се повлекува од трката, 11 отсто. Следат поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана, Пит Бутиџиџ со 8 отсто, и сенаториките Елизабет Ворен со 7 и Ејми Клобучар со 3 отсто.

Ова е првата победа на предизборите за Бајден, кој третпат се обидува да ја освои Белата куќа. Бајден веднаш го нападна Сандерс, независниот сенатор од Вермонт, кој самиот се опишува како демократски социјалист и чии повици на политичка револуција го потресоа естаблишментот во Демократската партија, кој е загрижен дека поради неговите леви ставови не може да ноември да го победи Трамп.

„Демократите сакаат кандидат кој е демократ. Убедливо победи или загуби – тоа е изборот. Повеќето Американци не сакаат најава на револуција. Сакаат повеќе од ветувања – сака резултати“, изјави Бајден пред поддржувачите Колумбија во Јужна Каролона.

Бајден го порази Сандерс на ниво на демографски и идеолошки групи, меѓу кои се и оние кои се опишуваат како „многу либерални“, според излезните анкети на агенцијата Edison Researcha. Бајден ги освоил најголемиот дел од гласовите од белите образувани жени гласачи на демократите, а исто така и најголем дел од вкупното женско гласачко тело на Демократската партија. Шест од десет црни гласачи демократи во Јужна Каролина рекле дека гласале за Џо Бајден, при што повозрасните црнци гласаат за Бајден, додека младите црни избирачи се поделени меѓу Бајден и Сандерс. Сенаторот го поддржуваат најголем дек од младите белци.

Пред победата во Јужна Каролина, Бајден кој каскаше во трката ја доби поддршката на највлијателните демократи Тери Мекуалифм, поранешен гувернер на Вирџинија и поранешен птв човек на Демократскиот национален комитет и Боб Скот, влијателен црн политичар од Вирџинија. Тоа е најверојатно знак дека врвот на Демократската партија повторно застанува на страната на протибвникот на Сандер, како што беше случајот на минатите избори во 2016-та, кога WikiLeaks ја објави непријатната нивна преписка во која се прави конструкција како да се саботира кампањата на сенаторот во полза на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која подоцна изненадуввачки беше победена од републиканецот Доналд Трамп.

Кога станува збор за „супер-вторникот“, Сандерс според анектите води во Калифорнија којашто носи оггромен број делегати за изборната партиска конвенција на национално ниво. Бајден и другите демократски кандидати во вторник првпат ќе се соочат со милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој вложи во кампањата половина милијарда долари во обидот да ја освои партиската номинација и по свој избор дури сега се вклучува во трката.

Најмалку пет држави во кои во вторник ќе се одржат предизборите: Алабама, Сњеверна Каролина, Тенеси, Арканзас и Вирџинија, имаат многу црнечки демократски гласови, што може да биде во полза на Бајден. Нему очајно му е потребна победа по лошите резултати во првите два предизбора во Ајова и Њу Хемпшир, и второто место во Невада.

„Не можете на сите (предизбори) да победите. Ова нема да биде единствениот пораз. Има многу држави во оваа земја и никој не ги освоил сите“, рече Сандерс во Вирџинија Бич.

За партискаа номинација на американските претседателски избори потребен е најмалку 1.991 делегат на конвециите кои се одржуваат во јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.