Бајден донесе десет уредби за јакнење на борбата против коронавирусот

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша во четвртокот десет уредби со кои настојува да ја зајакне борбата против епидемијата на коронавирусот која ги опустоши САД.

Со уредбите на претседателот се има цел да се забрза вакцинирање и тестирањето на населението, како и да се зголеми производството на вклучително и заштитни маски. Всушност станува збор за проширување и дополнување на мерките кои ги донесе неговиот претходник.

Објавувајќи ги мерките, Бејден рече дека ќе бидат потребни месеци за да се победи пандемијата, но дека „Америка ќе се извлече“, доколку луѓето се држат заедно. Неговиот потег, како што се истакнува од неговиот кабинет, следи само ден откако стана 46-от претседател на САД.

Бајден ја објаснува различноста на стратегијата во справувањето со коронавирусот за разлика од досегашниот претседател Доналд Трамп, дека неговата политика се потпира на градење национална стратегија наместо на сојузните држави да им се дозволува да одлучуваат што е најдобро да преземат.

Според бројот на смртните случаи поврзани со заразата на коронавирусот, САД се најпогодената земја во светот со повеќе од 406.000 починати, а заразени се речиси 24,5 милиони луѓе, според показателите на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Бајден во четвртокот рече дека „смелите практични чекори“ кои ги презема имаат своја цена.

„Ќе бидам сосема отворен: работите и натаму ќе бидат ужасни пред да станат подобри. Ова е воен потфат“, рече Бајден проценувајќи дека бројот на починатите следниот месец може да достигне 500.000 и повотри дека повеќе Американци умреле во пандемијата отколку во Втората светска војна.

Бајден ја спомена и вакцината велејќи дека досегашната распределба „беше тажен неуспех“ и најави план за 100 милиони дози во првите сто дена на власт, како „еден од најголемите оперативни потфати кои нацијата некогаш ги преземала“, што не се разликува од својот претходник.

Исто така, Бајден вети дека ќе биде транспарентен доколку нема успех во нешто и дека ќе им овозможи на научниците да делуваат без политички притисок.

„Убеден сум дека Американците нема да се штедат за да го остварат тоа. Заедно тоа можеме да го постигнеме“, заклучи Бајден.