Бајден ќе издаде наредба против насилството на еврејските доселеници на Западниот брег

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да издаде извршна наредба против еврејските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците на окупираниот Западен Брег, објави Politico, повикувајќи се на документи и американски официјален претставник.

Наредбата се очекува да биде објавена подоцна во четврток, според документите и официјален претставник на САД, и се очекува да вклучи санкции против имигрантите, објави Politico.

Агенцијата Reuters наведува дека не можеле веднаш да ја потврдат оваа информација.

Бајден и други високи американски функционери постојано предупредуваа дека Израел мора да дејствува за да го запре насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот брег (на реката Јордан). Нападите таму се зголемија последните месеци, бидејќи еврејските населби се проширија, а потоа повторно се зголемија по нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври.

Во декември, САД го забранија издавањето визи за луѓето вклучени во насилството на Западниот брег, кој заедно со источен Ерусалим за меѓународната заедница е окупирана палесинска територија од Израел.

Во блискоисточната војна од 1967 година, Израел го окупираше Западниот брег на реката Јордан, што Палестинците го сакаат како основа за независната држава, предвидена со актот на светската организација за формирањето на Државата Израел од 1948 година. На тој простор Израел подигна еврејски населби во кои населува доселеници, кои меѓународната заедница ги смета за нелегални. Израел го оспорува ова и се повикува на историските и библиските врски со земјата, на кои се повикуваа и Палестинците.