Бајден ги повика челниците на Г7 да останат обединети против Русија

Мораме да останеме обединети против Русија, им порача во неделата американскиот претседател Џо Бајден на сојузниците на почетокот на самитот на челниците на седумте индустриски најразвиени земји Г7 на кој ќе доминира војната во Украина, заострување на санкциите против Москва и последиците по дополнителниот раст на цените на енергенсите и храната.

На почетокот на состанокот на врвот во баварските Алпи, четири од седумте најбогати нации, најавија забрана на увозот на руското злато за да ги засилат санкциите против Москва да ја блокираат нејзината можност да ја финансира војната во Украина.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за CNN процени дека тоа ќе ја чини Русија 19 милијарди долари, и ќе ги погоди „олигарсите“ кои купувајќи злато ги покриваат загубите од западните санкции.

Сепак, економски стручњаци во САД и во Германија, предупредуваат дека таквата одлука може да има спротивни последици. Исто така, се чини дека по ова прашање не постои консензус за оваа мерка, пренесува Reuters.

Агенцијата го наведува претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој рекол дека со ова прашање треба „дополнително да се занимава“.

Прозвани од Украина дека не отишле „доволно далеку“ во казнувањето на Русија, челниците на Г водат и „навистина конструктивни“ разговори за ограничување на цените на руската нафта, рекол неименуван извор од германската влада.

Се очекува и дека челниците на Г7 ќе разговараат за сузбивањето на растечките цени на енергијата и алтернативите за увозот на руската нафта и гасот, како и за санкции коишто нема да ја вложат кризата со инфлацијата и големиот раст на животните трошоци со кои се погодени жителите на нивните земји.

Сѐ повисоките глобални цени на енергијата и на храната го загрозуваат економскиот раст во заднината на судирот во Украина, а Обединетите нации пред самитот предупредија на „неводена криза на глад“.

Велика Британија, исто така, објави дека забраната за увоз на руското злато е насочено на богатите Руси кои го купуваат за да ги ублажат финансиските последици од западните санкции. Процената на Лондон е дека рускиот извоз на златото минатата година има вредност од 15,5 милијарди американски долари.

„Мерките коишто денеска ги најавивме директно ќе ги погоди руските олигарси и ќе го погодат срцето на воената машинерија на Путин“, уверува во писмената изјава британскиот премиер Борис Џонсон.

На ембаргото на увозот на руско злато, според најавите, покрај САД и Велика Британија, ќе се приклучат и Канада и Јапонија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека за горната граница на цената на нафтата и забраната за увоз на руското злато, за што американски извори го најавија американски извори, ќе мора уште да се дискутира.

Неименуван функционер од француското претседателство рекол дека Париз ќе се залага за ограничување на цените на нафтата и на гасот, и дека е отворен за дискусија по американскиот предлог.

Меѓутоа, рекол истиот извор, Г7 треба да работи на постигнување максимални цени на нафтата за што ќе бидат неопходно потребни набавки од произведувачите на нафта во Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEC) и нејзините сојузници во групата OPEC+ во која доминира Русија.

„Мораме да разговараме со земјите од OPEC+ и земјите произведувачи за да го постигнеме тоа“, рекол неименуваниот француски функционер.