Бајден ги повикал Путин и Кси на виртуелен самит за климата

Американскиот претседател Џо Бајден ги повикал своите руски и кинески колеги по должност, Владимир Путин и Кси Џинпиг на виртуелен состанок на врвот со 40 светски лидери посветен на климата кој планира да го организаија на 22-ри и 23-ти април, соопштија во петокот Стејт департментот и Белата куча.

Претходно американскиот челник изјави дека меѓу поканетите се и неговите колеги од Русија и Кина. Како што рече Бајден, Путин и Кси се запознаети со тоа, иако тој лично не разговарал со нив.

Според соопштението на Белата куќа, покрај споменаите тројца лидери, на виртуелниот самит, меѓу другите, се поканети и челниците на Велика Британија, Индија, Турција и Јапонија. Како што истакнуваат од Вашингтон, самитот треба да ги потенцира економските придобивки од порешителното дејствување на светската заедница за климатските прашања. Претходно американската администрација соопшти дека априлските разговори на врвот ќе бидат фокусирани на консолидирањето на наппорите за намалување на штетните емисии во животната средина.

Целта на самитот е да се одбележи враќањето на САД на првата линија на борбата против климатските промени, откако во администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, Вашингтон се откажа од неа истапувајќи од Парискиот климатски договор.

Бајден претходно најави дека има немера да го организира климатскиот саит на 22-ри април за да се совпадна со одбележувањето на Денот на Земјата, а пред гомелиот собир на Обединетите нации во ноември во шкотски Глазгов. Потоа беше одлучено самитот да трае два дена, но да се одржи виртуелно поради пандемијата.

Како што најавуваше во изборната кампања, Бајден од првито ден во Белата куќа го обнови американското учество во Парискиот климатски договор. Враќањето на САД, втората земја во светот според емисиите на јалгерод диоксид, стапи на сила на 19-ти февраури, што значи дека речиси сите нации на планетата сега се учесници на договорот поптишан во 2015 година на самитот во француската престолнина.