Бајден го обвини претходникот за закана за демократијата, Трамп возврати

Американскиот демократски претседател Џо Бајден го обвини во четвртокот својот републикански претходник Доналд Трамп за постојана закана за американската демократија на годишницата од безредијата при упадот во Капитол, на што Трамп му одговори дека го користи неговото име за „уште повеќе да ја подели Америка“.

Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис им се обратија на Американците во четвртокот на Капитол, во обидот настаните од пред една година да ги искористат за политички профит, кога стотици илјади приврзаници на Доналд Трамп убедени дека претседателските избори се украдени упаднаа во зградата на парламентот во обидот да го спречат броењето на електорските гласови и потврдата на победата на Бајден, во време додека екипата на Трамп влужуваше жалби и тужби.

„Ова е вистинакта: поранешниот американски претседател создаде и рашири мрежа лаги за изборите во 2020-та. Тоа го стори бидејќи ја цени моќта над принципите. На денепшен ден пред една година на ова свето место нападната е демократијата (…) Уставот, нашиот устав се соочи со најтешките закани“, рече Бајден и додадек дека демонстрантите на Капитол „држеа бодеж под грлото на американската демократија“.

Бајден тврдеше дека демонстрантите не упаднале во Капитол „од патриотизам или принцип“. „Не дојдода во служба на Америка, туку во служба на еден човек“, рече и го осуди Трамп бидејќи ги гледал безредијата „на теелвизија и си часови не реагирал“.

Во настаните на Капитол директно загина демонстрантка поранешени војник која беше застрелана а досега не се знае од кого, и уште три лица како последици на повреди или срцеви удари. Еден полицаец од Капитол Хил, кој бил нападнат од демонстрантите починал ден по безредијата но исто така не од директни последици на нападот, а четири полицајци кои биле во обезбедувањето на парламентот тој ден подоцна се самоубиле. Повредени беа околу 140 полицајци.

Бајден истакна дека првпат во историјата на САД неговито претходник „се обиде ода спречи мирно пренесување на власта“ кога „насилната толпа“ упадна на Капитол и порача дека Американците „мора да се погрижат тоа повеќе да не се случи“,

Додаде дека Трамп ја претставува Америка која ја води „автократски моќник“, а изборите на коиште најмногу во историјата се гласаше преку пошта со надминување на рокот за испраќање на гласовите и со недозволување на набљудувачите на републиканскиот кандидат да присуствуваат на некои места на пребројувањето, како „нсјголема демонстрација на демократијата“ во американската историја, бидејќи „150 милиони Американци излегоа на изборачките места“ и покрај пандемијата на коронавирусот.

Поранешниот претседател веднаш реагираше на говорот на актуелниот. Го обвини дека ја „уништива нацијата“. „Бајден го користеше моето име денеска за да се обиде дополнитело да ја подели Америка“, порача Трамп и ја повтори својата убеденост во фактите кои според него сведочат за изборната измама.

„Медиумите соучесници го нарекуваат тоа голема лага, а голема лага всушност беа самите избори. Демократите сакат да го псоедуваат овој ден 6-ти јануари, за да предизвикуваат стравови и за да ја делат Америка“, рече Трамп.

И две години по изборите, дури 55 отсто од гласачите на Републиканската партија се длабоко убеденио дека се случи изборна измама и покрај тоа што десетици судови ги одбија жалбите и тужбите, покажува анкетата на Reuters/Ipsos. Сепак, Трамп и натаму остана популарен меѓу републиканските гласачи и повеќепати наести дека можеби повторно ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.