Бајден го отповика за Авганистан статусот стратешки сојузник на САД надвор од НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден објави во петокот дека го лишил Авганистан од престижниот статус главен сојузник на Соединетите држави вон рамките на НАТО.

„Во моментов го отповикав означувањето на Авганистан како главен сојузник на Соединетите држави надвор од НАТО“, се наведува во меморандумот на Бајден испратен до државниот секретар, објави Белата куќа.

Вашингтон го вброи Авганистан меѓу своите најголеми сојузници во 2012 година, десетина години по американската инвазија во земјата поради терористичките напади на Ал Каеда во САД од 11-ти септември 2001 година.

На половината од август 2021 година, САД и сојузниците по две децении ги повлекоа своите трупи од Авганистан, по што на власт во Кабул се врати радикалното исламистичко движење Талибан.

Во моментов статусот стратешки сојузник на САД надвор од НАТО опфаќа речиси 20 земји ширум светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.