Бајден го потпиша законот за одбрана од 770 милијарди долари

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша во понеделникот Законот за национална одбрана (NDAA) за фискалната 2022 година со кој се одобруваат 770 милијарди дилари во сферата на одбрнаа, објави Белата куќа.

Горниот и долниот дома на американскиот парламент, односно Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот во декември со големи мнозинства го излгасаа законот за одбрана со силна поддршка и на демократите и на републиканците за годишниот закон со кој се утврдуваат политиките на министерството за одбрана.

Законот популарен под кратенката NDAA вминателно е следен од значителен дел од американската индустрија и други компании кои имаат со него поврзани интереси, бнидејќи е е ден од ретките големи правни акти кои стануваат закон секоја година и опфаќа широк апсект прашања, од вложувања до санкции. NDAA станува закон секоја година од пред шест децении.

Со одобрувањето на околу 5 отсто поголема воена потрошувачка отколку минатата фискална 2021 година, фискалниот NDAA во 2022 година претставува компромис од интензивните преговори меѓу демократите и републикаците во давата дом, откако беа блокирани споровите во врска со политиките кон Кина и Русија.

Зголемувањето вклучува зголемување на платите на војниците за 2,7 отсто, поголема набавка на авиони и бродови, како и стратегии за соочување со „геополитичките закани“, при што се мисли специјално на Русија и Кина.

Очекувано NDAA вклучува и 300 милиони долари за Иницијативата за безбедносна помош на Украина со која ќе се даде воена помош на силите лојални на Киев, главно во испораки на американско вооружување, потоа четири милијарди дилари за Европската одбранбена иницијатива и 150 милиони долари за Балтичката безбедноста соработка. Тоа насчува дека Вашингтон во заднината на најновите американско-руски тензии на работ од вооружен конфликт сериозно го зајакнува воениот потенција во Европа.

Со овој закон се опфатени и уште 7,1 милијарди долари за Иницијативата за одвраќање на Пацификот, изјавата за поддршка на Конгресот за одбрана на Тајван, како и забрана за министерството за одбрана да нанавува произвдои од кинескиот регион Ксинџијанг „произведени со присилен труд“.

Исто така, со законот се формира и 16-члена комисија за нализа на војната од Авганстан, од каде кон средината на август по две децении војување хаотично се повлекоа САД и сојузниците.