Бајден го реактивираше за Украина законот за воена помош од Втората светска војна

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша во понеделникот пред новинарите законот кој овозможува забрзување на испраќањето вооружување во Украина, реактивирајќи го законот од Втората светска војна.

„Украинците секојдневно се борат за живот. Таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“, рече Бајден во Овалната соба.

Потпишаниот документ насловен „Ukraine Democracy Defense Lend-Lease Act of 2022“, се базира на програмата од Втората светска војна чијашто цел била помош на Европа да даде отпор на нацистичка Германија.

Актот го поддржале речиси сите претставници во Конгресот, освен десет од Претставничкиот дом кои гласале против, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Од почетокот на руско-украинската војна, администрацијата во Вашингтон упатила воена помош од најмалку 3,8 милијарди долари за Киев. Но таа сума е многу повисока, доколку се сметаат и пратките од претходните години.

Во меѓувреме демократите во Конгресот во понеделникот се согласија да го забрзаа процесот за дополнителна воена помош на Укрина во износ од 39,8 милијарди долари, изјавија во понеделникот за Reuters два извори запознаени со предлогот, убалжувајќи ги стравувањата на Белата куќа дека одложеното гласање би можело да го прекине испраќањето на американското оружје на Киев.

Претставничкиот дом би можел да го усвои планот, кој го надминива минатомеселното барање на претедателот Џо Бајден за 33 милијарди долари уште во вторник, а челниците во Сенатот изјавија дека исто така се подготвени за брзо носење на законот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.