Бајден и Путин утре ќе разговараат телефонски

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа. Соопштението е во момент на подготовки за американско-руски безбедносни разговори следниот месец.

-Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.
Во исто време, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека утре навечер ќе биде остварен  телефонски разговор меѓу Бајден и Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.