Бајден и Сандер во своето соочување го нападнаа Трамп поради коронвирусот

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и сенаторот од сојузната држава Вермонт, Берни Сандерс, остро го критикуваат републиканскиот претседател Доналд Трамп за наводно лошо управување со кризата предизвиката со пандемијата од коронавирусот, во текот на нивното директно соочување „еден на еден“ во дебатата за номинацијата на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори.

Во првата дебата во споменатиот формат, двајцата демократски кандидати, од кои еден ќе му се спротистави на републикланскиот претседател на 3-ти ноември, се судрија по прашањето на исправниот одговор на пандемијата и другите клучни проблеми, со тоа што претставникот на неолибералната струја Џо Бајден кој се претставува како центрист, рече дека се фокусирал на резултатите, а ткн проогресивен или радикално лево ориентираниот Берни Сандерс се залагаше за поголеми фундаментални промени.

Бајден, кој го презема водството во демократската трка за претседателската номинација по серијата победи во последните две седмици на предизборите во низа сојузни држави, првпат објави дека ќе одбере жена за потпретседателка, доколку ја освои номинацијата.

„Доколку бидам избран за претседател, мојата влада, мојата администрација, ќе изгледа како земјата, и се обврузам да вработам и одберам жена за потпретседател“, рече Бајден, по што Сандер додаде дека „како што изгледа“ и тој ќе избере жена за оваа должност.

Дебатата се одржа два дена пред предизборите во ворник во големите сојузни држави како Охајо, Илиноис, Флорида и Аризона, каде што уште една низа од победи на Бајден би му донела чиста предноста во делегатите пред Сандерс на претстојната национална конвенција.

Од четирите сојузни држави порачаа дека предизборите ќе се одвиваат според предвидениот распоред, и покрај епидемијата од короанвирусот која рапидно се шири и поради која се затворени улилиштата, рестораните и откажани се големите собири ширум САД, Државите Џорџија и Луизијана, кои се следни за организирање на предизборите, ги одложија за неколку седмици.

По дебатата Сандер запраша дали е мудро да се одржуваат предизборите откако американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) во неделата препорача да се одложат или да се откажа на осум седмици настаните на кои се собираат повеќе од 50 луѓе на целата територија на САД.

„Е надевам дека гувернерите ќе ги слушаат експертите за јавно здравје. Мислам на повозрасните луѓе кои стојат ана своите места и ги регистрираат гласачите, ги прават сите тие работи. Има ли тука многу смисла? Не сум сигурен дека има“, рече Сандерс во интервју за телевизијата CNN.

Американските власти регистрираа близу 3.000 случаи на зараза и 65 починати.

Во дебатата која беше засенета со ратечката глобална криза, двајцата кандидати го обвинија Трамп дека придонел за згоелмување на загриженоста, затота што според нив со седмици се обидувал да ја намали заканата пред во петокот да прогласи вонредба состојба на национално ниво.

„Првата работа која мораме да ја сториме, без разлика дали ќе станам претседател или не, е веднаш да се замолчи овој претседател. Ги поткопува мислењата на лекарите и научниците кои се обидуваат да им помогнат на американските граѓани“, рече Сандерс.

Кандидатите остри се судрија меѓу себе по прашањето како би се справувале со кризата како претседатели, и околу проблематиката со климатските промени и здравствениот систем, намалувајќи ја можноста дебатата да биде првиот чекор на партијата кон единство во пресрет на ноемвриските избори против Трамп.

„Луѓето бараат резултати, а не револуција… Имаме проблеми кои мораме да ги решиме веднаш. Што револуцијата ќе стори, ќе оневозможува сѐ во меѓувреме?“, рече Бајден во обидот да ги поткопа ветувањата на Сандерс дека ќе предводи политичка револуција за да ја уништи антикорпоративната економска агенда на сенаторот.

Сандерс, кого го нарекуваат социјалист, рече дека идеите на Бајден не се доволно амбициозни, и ја понуди својата долгогодишна поддршка за сеопфатните економски и општествени реформи.

Последните два дена пред телевизиското соочување, кампањата на Бајден се обиде да ги добие ткн „прогресивни“ приврзаници на Сандер и на либералната сенаторка од Масачусетс, Елизабет Ворен, коај излезе од трката за номинацијата, но јавно не поддржа никого од нив двајца, додека другите истапика со поддршка за Бајден.

Бајден вети дека ќе го поддржи планот на Сандерс семејствата коишто годишно заработуваат помалку од 125.000 долари да бидат ослободени од плаќање на школарините за јавните универзитети.

„Мило ми е што Џо се согласува со овој предлог. Но лидерство значи да се оди со идејатата и кога не е популарна, и кога поради тоа ве критикуваат“, возврати Сандерс.

 

Како војна

Дебатата, коајшто првично требаше да се одржи во Феникс, се одржа во студио во Вашингтон без присуство на публика, мерка преземена за да се намали изложеноста на коронавирусот, што е сигнал и дека редовниот тек на кампањата е изменет под влијание на глобалната пандемија.

Кога Бајден и Сандерс ги заземаа своите места на сцената, си упатија насмевки и се поздравија со лактите, во знак на послушност кон препораките на здравствените власти да се избегнуваат ракувањата.

Бајден притоа се потсети на искуството кога како потпретседател во администрацијата на Барак Обама во 2014 година во справувањето со заразата од ебола.

Неговиот план против коронавирусот би вклучувал бесплатно и широкот достапно тестирање, воспоставување мобилни здравствени локации и „drive through“ објекти во секоја сојузна држава, и додаде дека би дал повеќе помош за малите претприемали кои ќе бидат погодени од забавувањето на економијата. Додаде дека е подготвен да ја повика војската во помош на локалните власти за градење болнци и за други неопходни мерки.

„Ова е како војна, а во војната правиш сѐ што е потребно за да ги згрижиш своите луѓе“, рече Бајден.

Сандерс, исто така, изрази несоглаување со пристапот кон епидемијата од коронавирусот на Трамп, но брзо истакна дека кризата покажалеа дека е потребно реструктуирање на здравствениот систем, како неговиот предлог за здравствена заштита за сите кој би создал систем под контрола на владата, наместо оној со кој владеат приватните осигурителни компании.

„Да бидеме искрени и да се обидеме да сфатиме дека пандемијата од коронавирусот ја раскринкува неверојатната слабост и дисфункционалстоа на нашиот сегашен здравствен систем“, рече Сандерс.

Бајден се спротистави на планот за здравствена заштите за сите, велејќи дека е прескап и дека самиот тој е понаклонет на воспоставување на според него поповолната здравствена грижа кој ја изведе неговиот претпоставен позната како Обамакер.

Седумдесет и седумгодишниот Бајден, и една година повозрасниот Сандерс, беа принудени да ги откажат своите јавни настапи и да скршнат од траекторијата на нивната кампања во текот на епидемијата. Рекоа дека ги избегнуваат мешаниците, ги мијата рацете и дека кампањата ја одработуваат од дома.

И покрај долгиот и жестокиот дијалог, и двајцата ветија дека ќе го поддржат оној кој ќе ја освои номинацијата.

„Доколку Берни биде кандидат, не само што ќе го поддржам, туку и ќе работам кампања за него… Длабински не се согласување со претседателот (Трамп) по сите прашања“, рече Бајден.