Бајден има скршеници по падот додека си играл со песот

Кај Џо Бајден дијагностицирани се фрактури на коски на стапалато, открила компјутерската томографија, пренесе ноќта кон понеделникот новинарскиот пул кој ги следи активностите на новозибраниот американски претседател.

„Компјутерскаа томографија потврди филаментозни фрактури на латералните и середните сфеноидни коски“, го цитираа новинарите лекарот на Бајден, кој претпоставува дека веројатно идниот американски претседател ќе биде принуден неколку седмици да се движи со спедицајлна ортопетска „чизма“.

Претходно во неделата вечерта по македонско време беше објавено дека Бајден го исчашил зглобот откако се лизнал додека си играл со еден од нековите песови, соошти неговиот тим и неговиот лекар.

Канцеларијата во кусата изјава информираше дека инцидентот се случил во саботата и дека 78-годишниот Бајден во неделата „од предострожност“ бил пренесен на оропедски преглед.

Бајден подоцна бил пренесен со конвој возила кај специјалист ортопед во Њуарк во сојузната држава Делавер. Според првата изјава на неговиот лекар Кевин О’Конор, Бајден се здобил со истегнување на десното стапало и „првичните рендгенски снимки укажуваат дека нема очигледна фрактура“, а подоцна ќе му бидена направена ЦТ-снимка.

Американските медиуми информираат дека на новните новинари акредитирани да ги покриваат активностите на Бајден, и по повеќекратните барања не им било дозволено да го видат Бајден како влегува во ординацијата. Напуштајќи ја, некои извори велат дека кога одел на ЦТ снимањето забележливо поткривнувал иако одел без патерица или друга помош.

Бајден минал на лекарски прегледи повеќе од два часа, во неделата доцна попладнето по локално време пред да се врати во својата канцеларија.

Бајден, кој на 20-ти јануари би требало да стане најстариот претедател на САД во историјата, се повредил додека си играл со Мејџор, едно од двете негови кучиња. Станува збор за пес кој Бајден го вдомија во 2018 година, а нивниот прв пес Чемп го имаат откако Џо во 2008 година стана потпретседател на САД. Бајденови најавија дека двете кучиња ќе ги носат во Белата куќа, како и дека планираат да вдомат и улична мачка.