Бајден изјави дека „два часа“ телефонски зборувал со Кси

Американскиот претседател Џо Бајден, изјави дека во средата „два часа“ телефонски разговарал со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг, што е нивниот прв контакт откако демократот влезе во Белата куќа.

„Минав два часа во телефонски разговор со Кси Џинпинг. Ако не преземаме ништо, ќе нѐ скршат“, изјави Бакден и додаде дека ја потврдил својата подготвеност да „му се спротистави“ на Пекинг.

Во текот на разговорите, Бајден истакнал деќа „ќе биде многу поостар“ од својот претходник републиканскиот претседател Доналд Трамп во врска со прашањето на човековите права во Кина, што со децении е конфликтно прашање на релацијата меѓу Вашингтон и Пекинг.

Бајден, исто така, најавил „релативен континуитет“ во економските прашања меѓу двете најголеми економии во светот. Исто така, се заземал за попрагматичен пристан по климатските прашања, што беше занемарено од неговиот претходник.

Како што извести Белата куќа, Бајден изразил „длабока загриженост“ поради репресијата во Хонгконг, во провинцијата Ксинџијанг (Ујгурија), и сѐ понадмоќната позиција на Пекинг во регионот, особено кон Тајван“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.