Бајден најави брз и остар одговор на руските анексии во Украина

(AP Photo/Evan Vucci)

САД ќе соработуваат со своите сојузници и партнери за да воведат брзи и остри дополнителни мерки против Русија, доколку таа ги присоедини териториите во Украина, се закани во соопштението од петокот американскиот претседател Џо Бајден,

„Руските референдуми се лакрдија, лажен изговор за обид делови на украинската територија да се анектираат со сила“, изјави Бајден чија држава досега од 2014 година воведе безброј санкции против Русија и влијаеше врз Европската унија да ги следи истите чекори.

„САД никогаш нема да ги признаат украинските територии како ништо друго освен како дел од Украина. Руските референдуми се измама, лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина со сила, што е флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации“, рече американскиот челник.

„Ќе работиме со нашите сојузници и партнери за да создадеме дополнителни брзи и моќни економски трошоци за Русија“, рече Бајден.

Покрај тоа, Вашингтон, додаде Бајден, ќе продолжи да обезбедува воена помош за Киев.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ и да му пружаме безбедносна помош за да помогнеме да се заштитат себеси“, рече американскиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.