Бајден најави дека е за укинување на законските пречки за легализирање на абортусот

Американскиот претседател Џо Бајден го повика во петокот гласачкото тело на неговата Демократска партија да избере барем уште два сенатора на изборите во ноември и така да им овозможи на неговите сопартијци да ги отстранат законските пречки да го вратат правото на абортус во целата држава/

На собирот на Демократскиот национален комитет. Бајден навести дека два дополнителни пратеници би му овозможиле на Сенатот , кој сега е под минимална контрола на демократите да ја отстранат опструкцијата позната како „филибастер“ за чие надминување се потребни најмалку 60 сенаторски гласови.

Меѓутоа, според анкетите на ноемвриските избори ткн на средина од мандатот, Републиканската партија има многу големи шанси да оствари предност во Сенатот а исто така и да го преземе мнозинството во долниот дом на Конгресот – Претставничкиот дом.

Демократите во моментов имаат тенко мнозинство, а двајца нивни сенатори – Џо Манчин од Западна Вирџинија и Кирстен Синема од Аризона, се спротиставија на отстранувањето на „филибастерот“.

Изјавата на Бајден сигнализира дека би поддржал гласање за укинување споменатите пречки за која може да се решава со просто мнозинство. За да успее тој план, демократите мора да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и да добијат уште две места во Сенатот. Но повеќето аналитичари сметаат дека републиканците ќе ги освојат двата дома на американскиот парламент.

Враќањето на законското право на слободен абортус во целите САД, кое е поништено со одлуката на Врховниот суд во јуни кој ја поништи пресудата без преседан во случајот „Ро против Вејд“ од 1973 година што го врати тоа право на сојузните држави, сега е централната тема на говорите на Бајден пред изборите за Конгресот за 8-ми ноември.

„Доколку ми дадете уште два сенатора во Сенатот на Соединетите држави, ви ветувам , ќе го кодифицираме ‘Ро против Вејд’ и уште еднаш ќе го направи Ро закон за земјата“, рече Бајден.

Американските медиуми обрнуваат внимание на анкетите според кои на изборите во 2020 година излегле 68,4 отсто и 65 отсто мажи.