Бајден најави дека пред изборите нема да организира собири

Кандидатот на Демократската партија за американските претседателски избори во ноември, поранешниот потпретседател Џо Бајден, изјави во вторникот дека ги следи упатствата од лекарите и оти поради епидемијата од коронавирусот во САД пред изборите нема да организира предизборни собири, за разлика од неговиот противкандидат актуелниот републикански претседаетел Доналд Трамп.

„Ова е најчудната кампања во модерната историја, ми се чини. Ќе ги следам упатствата на лекарите, не само поради себеси, туку поради земјата. Тоа значи дека нема да организирам собири“, изјави Бајден на средбата со новинарите во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер.

Седумдесет и седумгодишниот Бајден потврди дека не се тестирал на коронавирусот, бидејќи нема симптоми и зашто „не сака некому да му го преземе местото“, но оти тоа ќе го стори „наскоро“ кога ќе ги организира јавните собири.

Претседателот Трамп беше на удар на критиките од демократите и нивните медиуми, откако на 20-ти јуни организираше голем собир на кој се собраа повеќе илјади негови приврзаниците во Тулса во јужната држава Оклахома, која има голем број заразени со коронавирусот.

Трамп и неговиот изборен штаб редовно прават шеги на сметка на Бајден, бидејќи овој не излегуваше од својата куќа во Вилмингтон по наглото прекинување на кампањата во средината на март поради коронавирусот.

Кампањата на Трамп, исто така, ги доведува во прашање и менталните способности на противникот и тврди дека Бајден се крие во подрумот од неговата куќа за да не го види никој.

Познат по гафовите и грешките во импровизираните говори, Бајден во вторникот ги отфрли овие обвинувања и изјави дека „нестрпливо“ го очекува соочувањето во трите дебати со Трамп за да расчистата „кој е попаметен“.

Новинарот на телевизиската мрежа Fox News, која го поддржува републиканецот Трамп, во вторнико го праша поранешниот потпретседател дали го проверувал намалувањето намалувањето на способноста за расудување.

„Не можам да дочекам да ги споредам моите когнитивни способности со моќта за расудување на личноста против која водам кампања“, одговори Бајден.

Трамп е речиси четири години помлад од својот најверојатен ривал, кој на 20-ти ноември ќе наполни 78 години. Републиканецот често ја доведува во прашање менталната способност на Бајден, поради неговите чести грешки во говорите.

„Но не станува збор за возраста на Бајден. Познавал луѓе кои се многу постари од мени, но делуваат како да имаат 25 години“, изјави Трамп пред две седмици во интервјуто за весникот The Wall Street Journal. Како примери за тоа ги посочи 91-годишниот основач на продажниот синџир „Home Depot“, Бернард Маркус, и 86-годишниот милијардер Шелдон Аделсон, клучниот спонзор на републиканците.

Имајќи ја предвид ситуацијата со ширењето на коронаворусот во САД и спецификите на изборната трка, единствената можност за директно соочување меѓу Трамп и Бајден се претстојните есенски три телевизиски дебати.

Првото соочување ќе се одржи на 29-ти сепември на Универзитетот Нотр Дам во Индијана, второто на 15-ти октомври на дежавниот Универзитет во Мичиген и третата на 22-ри октомври на Универзитетот Белмонт во Тенеси. За кандидатите за потпретседателската должност на 7-ми октомври ќе се одржи телевизиска дебатана Универзитетот Сол Лејк Сити во Јута. Соочувањата ќе започнуваат во 21 часот по источно-американско време, а ќе траат 90 минути.