Бајден најавува дека е можен нов напад на ИД во наредните 24-36 часа

Американскиот претседател Џо Бајден во соопштението за печат, го коментирал нападот со беспилотни летала врз милитантите на ИСИС и рече дека смртоносниот напад на исламистичките милитанти врз аеродромот во Кабул, најверојатно, не е последен.

„Реков дека ќе одиме кај групата одговорна за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул, и го направивме тоа“, рече Бајден.

“Овој напад со беспилотни летала не е последен. Ќе продолжиме да ги ловиме сите оние што беа вклучени во овој подмолен напад, тие ќе платат”.

Во изјавата, Бајден ги нарече „херои“ 13 -те припадници на американските сили кои беа убиени во нападот во близина на аеродромот.

“13 -те припадници на нашите сили без кои останавме, беа херои. Ја дадоа најголемата жртва во служба на највисоките идеали на Америка, истовремено спасувајќи ги животите на другите. Нивната храброст и несебичност им овозможија на повеќе од 117.000 ранливи луѓе да заминат безбедно”, објави Бајден.

“Ситуацијата на теренот продолжува да биде крајно опасна и заканата од терористички напад на аеродромот останува висока. Нашите команданти ме информираа дека многу е веројатно дека ќе се случи напад во следните 24-36 часа. Јас им наредив да ги преземат сите можна мерка за да се даде приоритет на заштитата на нашите сили. Се уверив дека тие имаат се` што е потребно за да ги заштитат нашите луѓе на терен“, рече Бајден во објавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.