Бајден наметна санкции на Руси за севернокорејското вооружување

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден од средата ги наметна своите први санкции поради севернокорејската програма за развој на нови вооружувања по низата лансирања, проектили, вклучително и за двата од минатата седмица за кои Пјонгјанг тврди дека се успешни тестови на хиперсонична ракета.

Со санкциите се опфатени шест лица од Северна Кореја, еден Русин и руска компанијата за коишто во Вашингтон велат дека се наводно одговорни за набавка стоки за програмите од Русија и од Кина.

Американското министерство за финансии објави дека целта на санкциите е да се спречи напредувањето на севернокорејските програми и тамошните обиди за развој на нови технологии во вооружувањето.

САД, исто така, предложиле пет санкционирани лица на „црна листа“ да бидат вброени и од Советот за безбедност при Обединетите нации, но за што ќе биде потребен консензус на 15-членото тело за санкциите против Северна Кореја. Резолуцијата на Советот за безбедност при ОН ги забранува сите нуклеарни и тестирања на балистички проектили во Северна Кореја, поради што на земјата ѝ се наметнати широки остри санкции.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на неговиот мандат пред две години безуспешно се обидува да го привлече Пјонгјанг на продолжување на дијалог за да го увери да се откаже од развојот на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети.

Но Северна Кореја повторува дека е отворена за преговори, но само доколку САД и нивните регионални сојузници се откажат од непријателската политика кон неа, односно од размесувањето стратешко вооружување и големи воени единици во регионот, како и откажување од големите воени американско-јужнокорејски маневри кои двапати годишно се одржуваат на Корејскиот полуостров.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, во врска со новите санкции изјави дека САД остануваат доследни во продолжувањето на дипломатијата со Северна Кореја.

„Она што го видовме последните денови… само ни ја зајакнува убеденоста дека, доколку сакаме да постигнеме напредок, ќе мора да се вклучиме во овој дијалог“, изјави Прајс на редовниот брифинг за медиумите.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека челникот Ким Џонг-ун во вторникот го следел тестирањето на хиперсоничен проектил. Тоа е вториот таков тест во помалку од една седмица, откако во новогодишниот говор вети дека ќе ја засили севернокорејската армија со најсовремената технологија.

Лансирањето во вторникот следеше ден откако мисијата на САД при Обединетите нации, на која ѝ се придружија Албанија, Велика Британија, Франција, Ирска и Јапонија, издаде заедничка изјава во која го осудива минатонеделното севернокорејско тестирање ракета.