Бајден нареди спуштање на знамињата во чест на 20-те жртви во основното училиште во Тексас

(AP Photo/Dario Lopez-Mills)

Американскиот претседател Џо Бајден заповеда спуштање на националните знамиња на половина копје во Белата куќа и на другите јавно објекти, во чест на жртвите во пукањето во основното училиште во сојузаната држава Тексас во кое во вторникот по локално време беа убиени 18 ученици и две возрасни лица.

Американските национални знамиња ќе бидат спуштени на половина копје до 28-ми мај, се додава во соопштението.

Во налудничавиот масакр, 18-годишник кој загинал веројатно во размена на оган со простигнатите полицајци, покрај 20-те жртви, според Универзитетската болница во Сан Антонио, на 130 километри од Јувалд, примени се уште два пациента во критична состојба, 10-годишно девојченце и 66-годишна жена.

Цитирајќи го на сенаторот од Тексас, Роланд Гутереш кој се повикал на информација од тексашките ренџери, телевиската мрежа CNN објави дека Ромас пред крвавиот поход во училиштетот ја убил и својата баба.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави за медиумите дека осомничениот напаѓач идентификуван како локален тинеџер Салвадор Ромас, до училиштетот дошол со автомобил вооружен со пиштол а можеби и со пушка. Властите веруваат дека дејствувал сам, а во тек е истрага за можните мотиви за масакрот.

Медицинска помош им е укажана на уште 13 ученици, од кои двајца биле пренесени во болница во Сан Диего, а со прострелна рана се здобил и еден 45-годишник, додаде гувернерот Абот.

Станува збор за училиште во кое одат ученици до четврти клас во основното образивание. Ги има околу петстотини и мнозински се од хиспанскo потекло и од семејства со сиромашен економски статус, во градот со над 15.000 жители на еден час возење од границата со Мексико.

Станува збор за најсмртоносниот напад во американските основни училишта по оној кога 20 деца и шест учители беа убиени во пукање во училиштетот во Сенди Хук во Конектикат пред десет години, и по оној во кој 14 ученици и тројца наставници беа убиени во средното училиште во Паркленд на Флорида во февруари 2018 година.

Смртоносните пукања на јавни места годинава се речиси секојдневние во САД и вооруженото насилство е во пораст во големите градови како што се Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско, превенствено имајќи го предвид периодот на пандемијата на коронавирусот од 2020 година. Во САД и во 2020 година со огнено оружје биле убиени над 19.000 луѓе, што е раст до 35 отсто во однос на претходната предпанедмиска 2019 година.

Кон средината на мај САД ги потресоа расистички мотивираниот вооруќен напад во кој беа убиени 10 црнци во продавница во Бафало, во сојузната држава Њујорк, што повторно ја разгоре долгогодишната расправа за поседувањето на огнено оружје. Но и покрај бројните масовни убиства, иницијативите и законската регулатива со цел да се вовед построга контрола на личното вооружување не даваат резултати.