Бајден не ја исклучува можноста за средба со Путин на самиот Г-20 на Бали

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не ја исклучува можноста за средба со рускиот колега Владимир Путин за време на самитот на Г-20, што следниот месец ќе се одржи во Индонезија.

-Ќе видиме, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе го искористи состанокот на Г-20 во Бали, како можност директно да разговара со Путин, јави Гардијан.

Меѓутоа, засега остануваат непотврдени плановите за патување на двајцата лидери на самитот, а Белата куќа соопшти дека доколку Путин присуствува на Г-20, тогаш треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, дури иако Украина не е членка на групата.

Гардијан пишува дека сѐ уште не е познато дали Путин ќе присуствува на самитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.