Бајден: Не одам никаде, без оглед на слабите резултати во Ајова

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден вети во средата продолжување на битката за демократската претседателска номинција, и покрај тешкиот удар кој го доживеа во сојузната држава Ајова, каде делумните резултати покажуваат дека политчкиот ветеран е на четвртото место.

„Немам работа да разубавувам: Во Ајова довиме удар во стомакот. Целиот процес беше удар во стомакот“, рече Бајден во Самерсворт во сојузната држава Њу Хемпшир каде што ја води кампањата, но додаде дека тоа не му се првите удари кои ги добил во животот.

Од 86,1 отсто од избирачките места кои ги објавија резултатите од предизборите одржани во понеделникот в, Бајден е зад Пит Битиџиџ и сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен. Тоа беа првите предизбор за демократската претседателска номинација за изборите на 3-ти ноември 2020 година.

Џо Бајден, кој себеси се смета за фаворит меѓу думократските кандидати, на предизборите во Ајова не успеа да убеди доволен број гласачи на Демократската партија во оваа сојузна држава дека токму тој е најдобриот кандидат кој треба да му се спротистави на републиканскиот претседател Доналд Трамп.

„Има застршувачки многу луѓе кои ја отпишаа ова кампања… Настојуваат тоа да го направат од моменто кога влегов во трката, Па, имам вести за нив. Никаде не одам“, рече Бајден.

Бајден сега настојува да ја поправи својата позиција пред предизборите во Њу Хемпшир во вторник.

Триесет и осумгодишниот Бутиџиџ има тесно водство пред 78-годишниот Сандерс на предизборите во Ајова, покажаа делумните резулатити објавени во средата со големо задоцнување од повеќе од еден ден, што ги побуди сомневањата во нерегуларности со цел да му се наштети на сенаторот кој беше сметан за фаворит во оваа сојузна држава. Според официјалното образложение, објавата на резултатите е одложена поради проблеми со апликацијата користена за пребројување на гласовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.