Бајден објави дека заврши ерата со воена сила да се устројат другите земји

Соочен со острите критики поради начинот на кој американските трупи се повлекоа од Авганистан, претседателот Џо Бајден изјави дека повлекувањето било најдобрата опција за завршување на најдолгата војна во американската историја, но и на децениите бесплодни напори на САД со воена сила да им наметнат политичко преустројување на други земји.

Бајден во обраќањето до нацијата ноќта кон средата по македонско време гo претстави хаотичното повлекување како логичен успех, а тврдеше дека истиот резултат би бил и доколку повлекувањето започнало и неколку месеци или седмици порано, додека за останувањето во земјата биле потребни дополнителни десетици илјади американски војници.

„Немав намера да ја продолжам оваа вечна војна“, рече Бајден во говорот од Белата куќа пренесуван на телевизиските мрежи.

Истакна дека милитантите кои се закана за САД и натаму ќе бидат цел, но дека САД веќе нема да ја користат својата војска во обидите да „изградат демократски општествата во областите во кои никогаш немало демократија“.

„Ова одлука за Авганистан не е само за Авганистан, туку ставање крај на големите воени операции за да се преобликуваат другите земји“, рече Бајден.

Тоа е во согласност со политиката на неговиот републиканските претходник во Белата куќа, Доналд Трамп, кој во кампањата за вториот мандат и по постигнувањето договорот во Доха со талибаните за повлекување на американските и странските трупи од Авганистан порача дека завршува ерата кога САД претставуваа „светски полицаец“.

Во првото обраќање на јавноста по конечното повлекување на американските војници од Авганистан, Бајден повлекувањето го нарече „мисија на милосрдие“, велејќи дека се евакуирани 5.500 Американци и дека САД влијаеле врз исламистичката група да обезбеди заминување на 100 до 200 други американски државјани од Авганистан, доколку тие тоа го сакаат.

Талибаните сега контролираат поголема територија отколку кога последен пат владеаја со Авганистан, од 1996 до 2001 година. САД и сојузниците во 2001-та извршија инвезија врз оваа земја со која го соборија талибанскиот режим по терористичките напади на Ал Каеда во Њујорк и Вашингтон, а во двете децении според официјалните податоци загинале 2.500 војници и, според процените, 240.000 Авганистанци. Меѓутоа, многумина аналитичари сметаат дека овие бројки се неколкукратно поголеми.

Над 123.000 луѓе се евакуирани во две седмици од Кабул во масивната но хаотична операција за извлекување на странските државјани и на Авганистанците кои работеле за западните земји, со воздушниот мост воспоставен од САД и сојузниците. Меѓутоа, многу Авганистанци кои им помагале на западните земји во војната против талибаните останаа во земјата.

Како што рече Бајден во обраќањето САД се соочиле со единствената друга можност и изборот да ја напуштата земјата или да одат на ескалација на конфликтот, да се засили борбата и да се продолжи војната која „требаше одамна да заврши“. Повлекувањето во јуни или во јули, како што некои заговарале, само би ја забрзало победата на талибаните, рече американскиот претседател.

„Во април донесов одлука да ја прекинам оваа војна (…) Пресметките беа дека повеќе од 300 илјади владини војници (на Авганистан), коишто ние ги обучувавме и опремувавме изминатите две децении, ќе бидат здрава сила во нивната граѓанска војна со Талибан. Оваа претпоставка дека авганистанската влада може да издржи во периодот до завршувањето на повлекувањето на војската се покажа погрешна“, рече Бајден и додаде дека во Вашингтон биле подготвени за колапс на авганистанските владини сили.

Меѓутоа, одлуката на Бајден е далеку од популарна, а го критикуваа и опозициските републиканци и неговите демократи, како и сојузниците на САД.

Водачот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел изјави дека со повлекувањето Американците се оставени зад непријателските линии. „Помалки сме безбедни поради оваа самонанесена рана“, рече републиканецот во сојузната држава Кентаки.