Бајден одобрил воена помош за Украина од 60 милиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден издал наредба на Украина да ѝ се одобрат 60 милиони американски долари финансиска помош од Пентагон.

-Врз основа на овластувањата што ми се доделени според Уставот на САД, му давам на државниот секретар овластување да насочи финансирање до 60 милиони американски долари за одбранбени производи и услуги од Министерството за одбрана, како и воено образование и обука, како помош за Украина – гласи одлуката на Бајден во меморандум издаден од прес-службата на Белата куќа

Во јуни, пред да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, Бајден го замрзна планот за воена помош за Украина подготвен пролетта во случај на воена агресија на Москва против Киев.

Одлуката за дополнителна помош на Украина, американскиот претседател ја носи во пресрет на состанокот закажан за 31 август во Вашингтон со украинскиот претседател Владимир Зеленски.