Бајден победи во Вашингтон, избори во Илиноис, Аризона и Флорида

24

Во трката за номинација претседател на САД од демократите, по пребројувањето на гласовите, победа во Вашингтон извојувал поранешниот потпретседател Џо Бајден, што му дава дополнителен импулс на денешните примарни избори во Илиноис, Аризона и Флорида.

Во фотографски финиш, Бајден добил 37.9 отсто од гласовите додека неговиот соперник, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, добил, 36.4 отсто од гласовите.

Ова е важна победа на Бајден. На изборите денеска во уште неколку сојузни држави тој се надева на непореклива предност над Сандерс, во борбата за предизвикување на претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември.

Примарни гласања на демократите денеска ќе има во Илиноис, Аризона и Флорида. Гласањето во Охајо е одложено поради стравувања од ширење на коронавирусот.

Во досегашната трка Бајден е во предност со 898 спрема 747 освоени делегати. За избор на претседателски кандида потребно е да се освојат 1.991 делегат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.