Бајден порача дека Г7 ќе ѝ го укинат на Русија статусот најповластена нација

Американскиот претседател Џо Бајден во петкот рече дека групата најазвиени земји во светот Г7 на Русија ќе ѝ го укинат статусот „најповластена нација“ во областа на трговијата и објави забрана на увозот на руски морски плодовои, алкохол и дијаманти, во новите одмазнички санкци за руската офанзива во Украина.

Тоа ќе ѝ нанесе „уште еден тежок удар“ на Русија, рече Бајден додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е „агресор“ и дека „мора да плати за тоа“.

Бајден рече и дека САД ќе додадат нови имиња на листата санкционирани руски милијардери и оти ќе забрани узвоз на луксузни стоки во Русија, во обидот да се сврти јавното мнение во земјата против Путин.

„Тоа се новите чекори коишто ги преземаме, но не и последните“, рече Бајден.

Укинувањето на сатусот „најповластена нација“ за Русија создава простор за САД и нивните сојузници да воведат царини на широк спектар руски стоки, што треба да го зголеми притисокот на руската економија, којашто според Бајден е „веќе на патот на длабока рецесија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.