Бајден предложи 6,9 милијарди долари помош за Украина против Русија и зајакнување на НАТО

САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска.

Средствата ќе ја претставуваат последната распределба на одбранбената помош на Вашингтон по руската инвазија врз нејзиниот сосед минатиот месец и ќе бидат искористени за „зголемување на способностите и подготвеноста на американските сили, сојузниците на НАТО и регионалните партнери во лицето на руската агресија“, соопшти Белата куќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.