Бајден првпат ја посети границата со Мексико

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во неделата на границата меѓу САД и Мексико, каде што се влеваат рекорден број мигранти и којашто ја посетува првпат од почетокот на неговиот мандат.

Американскиот претседател, кого републиканската опозиција го обвинува дека замижува пред кризата со сѐ поголемиот прилив мигранти, се сретна со претствници на граничната полиција во градот Ел Пасо во сојузната држава Тексас.

По излегувањето од авионот, го пречека конзервативниот гувернер на Тексас, Грег Абот, кој го обвинува демократскиот претседател за пропустливост на границата.

Посетата на Бајден на јужната граница на САД е првиот дел од тридневното патување во Мексико посветено на миграциската политика и борбата против трговијата со дрога. Во главниот град на Мексико, Џо Бајден ќе учествува на самитот заедно со неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Во четвртокот Белата куќа објави мерки за да се обиде да ја ослободи границата, каде во ноември беа уапсени повеќе од 230.000 луѓе. Во 2021 година, САД и Мексико објавија дека го менуваат својот пристап кон политиката за злоупотреба на дрогите ќе се фокусираат на причините за трговијата со луѓе, по 15 години исклучиво воена стратегија.

На дневен ред ќе бидат и климатските промени и развојот на синџири за снабдување со електронски делови за да се намали зависноста на САД од Азија.