Бајден се конфронтираше со Ворен и Сандерс околу здравството во дебатата на демократите

Фаворитот за номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија, Џо Бајден се конфронтирапше во четвртокот во дуелот со ткн прогресивни ривали Елизабет Ворен и Берни Сандерс околу здравствената грижа, бранејќи ја програмата Обамакер и опбвинувајќи ги дека не се искрени околу цените на нивните програми.

Бајден, кој беше осум години потпретседател во мандатот на претседателот Барак Обама, рече дека тој и натаму би го градел законот на Обама за здравствената грижа и ги обвини Ворен и Сандерс дека сакаат да ја разорат оваа прогема со својата поддршка за здравственото осигурување а сите, здравствена грижа којашто би ја водела државата и која би го укинала приватното здравствено осигурување.

„Знам дека сенаторката вели дека е за Берни. Па ја сум за Барак. Мислам дека Обамакер функционираше. Станува збор за искреност, чесност, големи идеи“, рече Бајден кој се позиционира како умерен кандидат за разлика од левичарите Ворен и Сандерс.

Ворен, американска сенаторка којашто според анкетите сега е на второ место зад Бајден во трката за претседателски кандидат на демократите кој ќе треба да се соочи со претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември 2020 година, ја пофали програмата за здравствено осигурување на претседателот Обама. „Меѓутоа, прашање е како најдобро можеме да ја подобриме“, рекла додавајќи дека според здравственото осигурување за сите оние кои се на врвот би плаќале повече додека средната класа би плаќала помалку.

Самонаречениот демократски социјалист Сандерс, кој беше предлагач на законот за здравствено осигурување за сите во Сенатот, рече дека неговиот план се заснова на постојната програма Медикер која ја води владата за Американците од 65 години и постари и дека е најефикасен во поглед на трошоците. Некои аналитичари проценуваат дека неговиот план за здравствено осигурување би чинел 32 трилиони долари во текот на десет години.

Судирот околу здравствената грижа е најважната сфера на несогласувања во трката на демократите за претседателски кандидат, а претендентите се борат околу тоа како да се подобри програмата Обамакер. Бајден рече дека неговиот план би им пружил на Американците повеќе можности за избор, вклучително и да останат со своето здравствено осигурување, доколку тоа го сакаат.

„Никогаш, всушност, не сум сретнала некого кому му се допаѓа неговиот осигуратек за здравствено осигурурување“, одговори Ворен.

Поранешниот министер за домување Хулина Кастро го обвини Бајден за превртливост во описите на неговиот план за здравствено осигурување. „Заборават што рековте пред две минути?“, го запраша Кастро 76-годишниот Бајден кој е познат по склоноста на гафови, а се соочи и со прашања за неговата возраст.

Во дебатата учествуваа десетте главни конкуренти за партиски кандидат на демократите кои првпат заедно се најдоа на сцената. Првите две дебати на демократските кандидати, во јуни и во јули, беа поделени на две вечери.

Првите два круга од дебатите, исто така, минаа во меѓусебни дуели, а Бајден беше нападната поради неговото недоволно залагање за расната еднаквост и реформата на кривичниот систем, како и поради ставо за здравствената грижа. Острите препирки во текот на првите две дебати ги запрепастија некои од демократите кои ги повикаа кандидатите да го зауздат своите напади и да се концетрираат на сопствените афирмативни програми.
.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.