Избраниот претседател на САД, Џо Бајден рече дека се надева дека Трамп ќе присуствувана неговата инаугурација на 20 јанурари со што би покажал пример на останатите нации во светот, каква е демократијата во САД, но би покажл и мирно прдавање на власта.
Администрацијата на Трамп изрази скептицизам во врска со идејата сегашниот претседател на Соединетите држави да биде на инаугурацијата на 20 јануари, а Трамп продолжи да зборува дека „победил“, патем, велејќи дека имало кражба на избори, пренесе АП.
“Одлуката зависи од него. Нема лични последици за мене, но мислам дека е важно државата да присуствува. Одбивањето да се признае поразот се случува во режими предводени од мали диктатори”, рече Бајден.