Бајден се закани дека ќе интервенира војската ако Трамп не сака да замине

Поранешниот американски потпретседатело сега веројатен претседателски кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, изјави дека е загрижен обвинувајќи го рапубликанскиот претседател Доналд Трамп „ќе се обиде да ги украде“ изборите во ноември, но оти е убеден дека војската ќе го изнесе од Белата куќа ако загуби и не сака да го признае резултатот.

„Тоа многу ме загрижува: претседателот ќе се обиде да ги украде изборите“, изјави Бајден во телевизиското шоу „Comedy Central“

Бајден не прецизираше како Трамп би можел со измама да победи на изборите. Но потсети дека Трамп жестоко се противи на дописното гласање, и Бајден најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачкикте места за да ги спречат републиканците да манипулираат со гласачките ливчиња.

Трамп во неколку наврати го критикуваше гласањето по пошта, точно тврдејќи дека при овој начин е можна манипулацијата, предупредувајќи дека поголемиот удел од дописните гласачки ливчиња би довел до масовна кражба на гласовите на изборите на 3-ти ноември.

Бајден рече и дека коментарите на поранешни воени команданти, главно од перидот на демократската администрација во Вашингтон, коишто го критикуваа одговорот на Трамп на насилните протести против полициската бруталност, го увериле дека американската војска ќе интервенира доколку Трамп не ги признава изборните резултати.

„Апсолутно сум убеден дека експресно ќе го изнесат од Белата куќа“, истакна Бајден.

Бајден од почетокот на својата кампања се жали дека Трамп „би можел да мами“ на изборите, без ниту еднаш да ги аргументира своите искази или да појасни како тоа би се случило. Но последните месеци неговата реторија во овој поглед се заостри, во време која анкетите почнаа да покажуваат извесна негова предност пред Трамп и откако републиканскиот претседател неколкупати повтори дека се противи на гласањето преку пошта.

Републиканската партија, исто така, преку своите високи функционери сметаат дека на дописното гласање може да се мами и дека тоа ги фаворизира демократите.

Засега изборниот штаб на Доналд Трамп не излезе со коментар на изјавите на Бајден.