Бајден: Сенатот не може да го избегне институтот „филибастер“ и да го заштити правото на абортус

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ кажа во петокот на групата гувернери од неговата Демократската партија дека во Сенатот нема доволни гласови да се избегне институтот „филибасер“ (тактика на опструкција) за по одлуката на Врховниот суд, кој ја поништи пресудата од случајот „Роу против Вејд“ од 1973 година со кој на сојузно ниво е дозволено правото на прекин на бременоста, и дополнителната пресуда од 1992 година којашто повторно тоа го потврдила.

Бајден го повика Сенатот да се откажат од институтот „филибастњр“, односно таканареченото супермнозинство кое бара поддршка од 60 до 100 сенатори за носење на закон, за пресудата од 1973 година да стане закон.

Во современите демократии, за гласање закон е потребно квалификувано или двотретинско мнозинство во парламентот, додека во САД постои „супермнозинство“ од 60 гласови во Сенатот за да се изгласаат сите закони освен Буџетот, бидејќи секој застапник има можност да одолговлекува секоја законска иницијатива, доколку од другата страна не постои мнозинство коешто би го изгласало прекинувањето на опструкцијата.

Претседателот Бајден во Сенатот мина 36 години и гласно го поддржуваше институтот „филибастер“, но сѐ повеќе е наклонет тоа да се промени, бидејќи републиканците веќе неколку од неговите главни иницијативи, вклучително и предлогот на законот за гласачките права.

„Како што вчера реков, тоа не би смеело да стои на патот пресудата Ро против Вејд да го преточиме во закон“, рече Бајден на виртуелниот состанок со демократските гувернери, вклучително и оние од сојузните држави Калифорнија и Њујорк.

Бајден е убеден дека некои сојузни држави би се обиделе да ги уапсат жените поради преминување на државните граници за да извршат абортус, откако Врховниот суд го поништи досегашното уставно прави на абортус во целите САД.

Тринаесет сојузни држави под водство на републиканците забранија или сериозно го ограничија абортусот по одлуката на Врховниот суд. Жените во тие сојузни држави кои сакаат да абортираат, ќе мора да патуваат во сојузните држави во кои прекинот на бременоста и натаму е легален.

Бајден мисли дека „луѓето ќе бидат шокирани кога првата држава… ќе се обиде да уапси жена, бидејќи ја минала државната граница за да добие здравствени услуги (за прекин на бременоста)“.

„И мислам дека луѓето не веруваат дека тоа ќе се случи. Но ќе се случи, и тоа ќе испрати порака на целата земја дека ова е гигантски договор кој оди понатаму од тоа, мислам влијае на сите ваши основни права“, додаде американскиот претседател.

Бајден рече и дека сојузната влада ќе дејствува за да ги заштити жените кои мораат да ги минат границите на сојузните држави за да абортираат, како и дека ќе обезбеди да имаат пристап до лекови во сојузните држави во коишто тоа е забрането.

Историјата на САД покажа длабока поделеност на американското општество и се оценува дека институтот „филибастер“ дополнително придонел за тоа тенкото мнозинство по изборите речиси никогаш да нема доволно силни парламентарни алатки да го промени американското општество по своја волја и волјата на мнозинството коешто го претставува.

Поранешната либерална судијка на американскиот Врховен суд, Рут Бадер Гинсберг, која почина во 2020 година, не сметаше дека пресудата „Ро против Вејд“ е добра за втемелување на правото на абортус. Повеќепати сугерираше дека пресудата којашто ги штити правата на абортус би била потрајна доколку се темели на клаузула за подеднаква заштита на Уставот, односно доколку би била сосредоточена на рамноправноста на половите, што силно го заговараше, а не на правото на приватност што го истакнувале судиите кои ја донеле споменатата пресуда.