Бајден: Ситуацијата на полско-белоруската граница е „многу загрижувачка“

Соединетите држави се многу загрижени поради ситуацијата на полско-белоруската граница каде што неколку илјади мигранти се обидуваат да влезат во Европската унија.

„Мислам дака тоа е многу загрижувачко… Својата загриженост ѝ ја пренесовме на Русија, а ѝ ја пренесовме и на Белорусија“, изјави американскиот претседател Џо Бајден во петокот пред новинарите во градината на Белата куќа.

Споменувањето на Русија од страна на Бајден е поради тоа што Москва е долгогодишен сојузник на Минск, а меѓу двете земји има и договор за федерална заедница која во прв ред се однесува на сферата на одбраната.

ЕУ го обвинува белорускиот претседател Александр Лукашенко дека наводно го поттикнува приливот на мигрантите преку воздушен пат до Минск и потоа под контрола ги испраќа на границите со Полска, Литванија и Латвија каде што околу три илјади луѓе заглавија во тешки услови. Трите држави не им овозможуваат на мигрантите влез на нивните теротирии и одбиваат хуманитарно да ги згрижат, а покрај тоа дополнително ја засилија присутноста на нивните војски во пограничните области.

Жестокиот спор меѓу Минск и Брисел трае од ланските претседателски избори во Белорусија на коишто Лукашенко повторно надмоќно победи. ЕУ којашто ја одби поканата на Минск да испрати своите набљудувачи на изборите, правдајќи се наводно со пандемијата на коронавирусот, не ја призна изборната победа на Лукашенко и го обвини и со четири круга го санкционираше поради жестоко справување со демонстраните против него, за кои тој обвини дека се оркестрирани и платени од Западот, главно преку центрите во споменатите соседни балтички земји.

Евопската унија која мигрантската криза на своите источни надворешни граници ја опишува како „хибриден напад“ се подготвува а нов круг санкции против Белоруси, којашто, пак, предупреди дека континуираното трупање воени сили на нејзините западни граници е со цел да се испорвоцира вооружен конфликт во регионот.