Бајден составува план за руско-украинската криза

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека разива опсежни иницијативи да му ја отежне на рускиот претседател Владимир Путин наводната инвазија врз Украина и дека нема да ги прифати црвените линии на Москва додека траат стравувањата дека тлеечката граѓанска војна на украинскиот југоисток може да се разгори во војна којашто ќе ја присили Русија да се вклучи во конфликтот.

Украинскиот министер за одбрана Алексиј Резников изјави дека наводно 94.000 руски војници се распоредеи на украинската граници, тврдејќи дека станува збор за разузнавачки податоци кои навестуваат наводено дека Москва планира голема воена офанзива за крајот на јануари.

Русија, од друга страна, ги повтори повторувањата за агресивната реторика од страна на Украина и САД, кои на границите на побунетите рускојазични региони разместуваат офанзивно оружје, како и дека во регионот Донбас го префрлиле речиси половината од активниот состав на украинската армија, со често присуство на американски и британски единици.

„Го составувам она што верувам дека ќе биде најопсежниот и најзначајниот сет иницијативи за многу многу да му го отежне на господинот Путин да го стори она што луѓето се плашат дека ќе го стори“, изјави Бајден без да изложи поединости.

„Свесни сме за руското дејствување долго време и моето очекување е дека име имаме долга расправа со Путин. Не прифаќам ничии црвени линии“, изјави за новинарите Бајден кој во петокот го започна викендот во Кемп Дејвид зборувајќи за руските барања.

Американски функционери претходно седмицава повторно ѝ се заканија на Русија со „тешки санкции“, иако Вашингтон веќе седум години има воведено стотици санкции.

„Од почетокот на оваа администрација покажавме дека САД и нашите сојузници се подготвени да користат одредени алатки за да дејстуваат против штетните руски акции. Нема да се колебаме од нив и другите алатки во иднина“, изјави портаролката на Белата куќа, Џен Псаки на брифингот за новинарите додавајќи дека се разгледува дополнителна безбедносна помош за Украина.