Бајден: Срамно е одбивањето на Трамп да го признае поразот

Одбивањето на актуелниот републикански претедател на САД, Доналд Трамп на резулатото од претседателските избори на 3-ти ноември е „рамно“, но нема да има големи влијаени врз транзицијата на власта, изјави во вторникот демократскиот кандидат Џо Бајден, кој според објавата на медиумите и според најголемиот дел од светските челници е новиот американски претседател, но сѐ уште чека на официјална потврда.

„Искрено мислам дека тоа е срамно… Фактот дека републиканците не сакаат да признаат дека ги победивме нема многу влијание врз нашата програма за транзиција и она што сме способни да го преземеме од денеска до 20-ти јануари“, оцени Бајден.

„Ја започнавме транзицијата (на власта), таа е во тек“, убедувал Бајден пред новинарите и додал дека работи на составот на својата идна администрација, којашто, како што рекол, „без огелд на сѐ ќе ја преземе власта на 20-ти јануари 2021 година“.

Бајден, исто ткаа, ги кометираше обвинувањата на шефот на американсата дипломатија Мајк Помпео, кој исто така не ја признава победата на демократот. „Нема никаков доказ во обвинувањето на државниот секретар Помпео“, рече Бајден,