Бајден: Трамп не направи што требаше во подготовката на вакцинацијата

114

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше програмата за вакцинирање која ја наследил од својот претходник Доналд Трамп, велејќи дека е во „многу полиша состојба“ отколку што очекувал, а Американците ги повика да бидат трпеливи истакнувајќи дека неговата влада купила уште 200 милиони дози од вакцините против коронавирусот.

„Уште извесно време нема да биде сѐ решено, но ќе го решиме“, наведува Бајден во изјавата која ја даде во Националниот институт за здравство во Бетесди во сојузната држава Мериленд.

Додека побарувачката на вакцините далеку ги надминува резервите, Американците имаат големи проблеми во најавите за вакцинирање, поради што претседателот Бајден се соочува со жежок проблем, бидејќи ветуваше многу брзо решевање на ситуацијата со пандемијата по преземањето на должноста од Трамп.

Бајден го критикуваше Трамп дека наводно не нарачал доволно вакцини и дека не сторил доволно за да го одреди редоследот на вакцинирањето.

Додаде дека програмата за вакцинирањето која ја наследил е „во многу полоша состојба“ отколку што очекувал и дека неговиот тим наводно бил наведен на погрешни заклучоци за резервите од вакцините.

„И додека научниците го сторија своето и ја открија вакцината во рекордно време, мојот претходник, ќе бидам многу отворен, не го направил тоа што требало за да се подготви масовното вакцинирање на стотината милиони луѓе“, рече Бајден.

Американскиот претседател наведе и дека неговата валда поптишала договори за 100 милиони дози од вакцината на „Moderna“ и за уште 100 милиони дози од препаратот против коронавирусот од „Pfizer“.

Бајден предупреди дека бројот на починатите од коронавирусот следниот месец би можел да достигне 500.000 луѓе, и ги повика Американците да носат маски за да го спречат ширењето на заразата.

„Сега набавивме доволно вакцини да ги вакцинираме сите Американци“, рече Бајден и истакна дека САД со своите 330 милиони жители се на патот до крајот на јули ќе набават 300 милиони дози од вкацините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.