Бајден вети дека САД ќе испорачаат во други земји повеќе вакцини од Кина и Русија

Американскиот претседател Џо Бајден вети во понеделникот дека Соединетите држави ќе станат „арсенал за вакцините“ против коронавирусот за земјите кои ќе имаат потреба и ќе ги надминат Кина и Русија,  најавувајќи испорака на 20 милиони дози во трети земји, покрај порано ветените 60 милиони од кои ниедна не е досега испорачана.

„Исто како во време на Втората светска војна, кога Америка беше арсенал на демократијата, во борбата со пандемијата на коронавирусот нашата земја ќе биде арсенал за вакцините за целиот остаток од светот“, порача претседателот Бајден.

„Денеска објавувам дека ќе поделиме дози од вакцините на Moderna, Pfizer и Johnson&Johnson со остатокот од светот. САД ќе поделат најмалку 20 милиони дози“, рече Бајден.

Со новите 20 милиони, бројот на дозите кои ги вети Белата куќа би се искачил на 80 милиони, што, како што рече Бајден, „досега е пет пати повеќе од која и да е земја“.

„Тоа ќе претставува 13 отсто од дозите на вакцините произведени во САД до крајот на јуни. Ќе има повеќе вакцини отколку што испратила која и да е друга земја. Повеќе од Кина и од Русија“, истакна Бајден додавајќи дека вакцината нема да ја користи за од земјите примачи да бара нешто за возврат.

Меѓутоа, портпаролката на Белта куќа, Џен Псаки не одговорила на новинарско прашање за кои земји станува збор, ветувајќи дека „поединостите за критериумите наскоро ќе бидат објавени“, пренесува AFP.

Агенцијата потсетува дека кон крајот на априла Вашингтон најави испраќање 60 милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“ во други земји, но дека до денес ние е оспратена ниедна доза, бидејќи американските здравтвени не го одобрија тоа.

„Многу се зборува за влијанието на Кина и Русија во светот во врска со вакцините. Ние сакаме да имаме водечка улога во светот на сметка на нашите вредности. Ние нема да ги користиме нашите вакцини за другите земји да ни должат“, изјави американскиот претседател.