Бајден вети казнување на одговорните за хакерскиот напад во САД

Избраниот американски претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека се „многу загружувачки“ неодамна откриените долготрајни хакерски упадi во институциите на американската влада и веtи брзо дејствување во моментот кога на 20-ти јануари ќе ја преземе должноста.

Бајден изјави дека кибернетичката безбедност ќе биде главен приоритет за неговата администрација, како и дека оние кои се одговорни за таквите напади ќе „платат висока цена“.

„Нашите непријатели треба да знаат дека, како претседател, нема безработно да стојаm настрана додека се случуваат кибернетички напади врз нашата нација“, наведува Бајден во писмената изјава за јавноста.

Интернет изданието Politico во четвртокот објави, повикувајќи се на извори запознаени со случајот, дека американското министерство за енергетика и Националната управа за нуклеарна безбедноста (NNSA), која управива и со нуклеарниот арсенал на САД, имаат докази дека хакерите успеале да влезат во нивните мрежи.

Во моментов американските институции објавуваат контрадикторни извештаи. Според една од нив сомителните хакерски активности се откриени во голем број компутерски системи, вклучително и во Нациналната лабораторија Лос Аламос, каде што се изведуваат тајни истажувања на нуклеарно вооружување. Според оцените на NNSA, ќе бидат потребни најмалку неколку седмици за спроведување на истрага за процена на нанесената штата, соопшти американското министерство за енергетика.

Од друга страна, пак, портпаролката на министерството, Шејлин Хајнс, тврди дека кибернетичкито напад наводно влијаел само врз комерцијалните компјутерски мрежи на министерството, и немало влијание врз системите на NNSA.

„Истрагата е во тек и одговорот на овој инцидент се одива во реално време. Досега истрагата покажа дека влијанието на злонамерниот софтвер е ограничено на комерцијалните мрежи и не влијаеше врз основите функции на министерството поврзани со националната безбедност, вклучително и NNSA“, се наведува во писмената изјава на Хајнс.

Американските медиуми, редум повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, пишуваат дека бројни американски владини управи и агенции биле хакирани, и притоа се наведува дека нападите биле наводно поврзани со Русија, но за тоа не биле најдени докази. Претходно во четвртокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кусо коментираше за новинарите дека Москва нема никаква врска со на што се случило во САД за што известуваат медиумтие.

Агенцијата за кибернетичка безбедност и инфраструктура (CISA) наведува дека било тешко да се открие упадот и дека нема да биде лесно да се отстрани софтверот кој е уфрлен во компјутерските системи. Од CISA не објавија кои агенции или инфраструктури биле нападнати, ниту кои информации се земени при хакирањето коешто, како што претходно беше објавено, започнало во март годинава.

Од CISA, исто така, не наведуваа кого сметаат за одговорен за нападите, но истакнуваат дека станува збор за „трпелив, насочен противник со обилни финансиски ресурси кој ги изведувал активностите низ подолг период“.

Наведуваат и дека американските власти ќе ги преземат неопходните мерки за да се заштитат од кибернетички напади. „Спречувањето на заканите врз компјутерите сигурно ќе биде сложен и тежок процес“, се наведува во објавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.