Бајден ветил „решителен одговор“ ако Русија „дополнително“ ја нападне Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол во неделата во телефонскиот разговр на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека САД и нивните сојузници „решително ќе одговорат доколку Русија „дополнително“ ја нападне Украина, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Телефонскиот разговор меѓу двајцата челници следи неколку дена откако Бајден го имаше вториот телефонски разговор во еден месец со рускиот претседател Владимир Путин во текот на тензиите предизвикани од тврдењата на Западот дека Русија наводно трупа единици на границата со Украина и подготвува инвазија во јануари.

„Претседателот Бајден јасно даде до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери решително ќе одговорат доколку Русија дополнително ја нападне Украина“, изајви портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во изјавата за медиумите.

Украинскиот челник Зеленски, ден по одбележувањата на екстримистичките и профашистички групации во Киев, објави дека со Бајден разговарал за „заедничките акции на зачувувањето на мирот во Европа и спречивање натамошна ескалација“.

„Првиот меѓународен разговор оваа година со Бајден ја докажува посебната природа на нашите односи. .. Се разговараше за заеднички акции на Украина, САД и партнерите во зачувавањето на мирот во Европа, спречувањето на натамошна ескалација, реформите, деолигаризацијата. Ја цениме непоколебливата поддршка за Украина“, напиша Зеленски на Twitter.