Бајден во Калифорнија во поддршка на гувернерот кој се соочува со „клонот на Трамп“

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика жителите на сојузната држава Калифорнија масовно да гласаат против референдуот за отповикување на тамошниот гувернер од неговата Демократска партија за да се избегне на негово место да дојде републиканец кого го опиша како „клон на Доналд Трамп“.

Првата претседателска посета на американскиот запад на Џо Бајден беше можност тој да ги повтори своите ставови за климатските промени и повторно да ја истакне важнсота за големите јавни инфестиции, но и да влезе во политичката арена за да стане во одбрана на гувернерот Гевин Њусон, поранешен градоначалник на Сан Франциско, кој лесно победио во 2018 година и чиј мандат треба да заврши следната година.

На хартијата нема причина за загриженост на Њусом, но поддршката која во последен момент му стаса од шефот на државата покажува дека Демократската партија ова изјаснување на граѓаните го сфата многу сериозно, свесна за пропустите и дека изненадувања се можни.

Гласањето за отповикување на Гевин Њусом се одржува во вторни благодарејќи за несекојдневната за САД одредба во уставот на Калифорнија за „директна демократија“ којашто сега на републиканците им овозможува во обезбедат референдум со релативно мал број собрани потписи од незадоволни гласачи во вообичаено доминатната демократска сојузна држава која е петтата економија на светот, поради што и влогот е голем.

Демократите се потсетуваат дека истиот механизам во 2003 година го доведе на власт во Калифорнија холивудскиот актер Арнолд Шварценегер, последниот калифорниски гувернер. На Њусом сега му се заканува радио-воителот афроамериканскиот кознервативец Лери Елдер.

„Очите на нацијата се вперени во Калифорнија и нејзината одлука која ќе има голем ефект врз оваа сојузна држава и ќе се почувствува во целта земја, меѓутоа и, ова не е шега, во целиот свет. Тој е клон на (претходниот американски претседател) Доналд Трамп. Можете ли да го замислите да ја води Калифорнија“, рече Бајден во 15-минутниот говор во Лпос Анџелес во понеделникот по американско време.

Бајден ги повика галсачите да „испратат порака до нацијата и да гласаат така што ќе ја сочуваат позицијата на Гевин Њусом“.

Иако Њусом има добра поддршка во анкетите, а му погодува и гласањето по пошта и покрај големите забелешки, во неговиот изборен штаб не се опуштени.

Тоа е делумно и поради невообиачената структура на гласањето за отповикување која ја одредиле законодавците. Во првото прашања од гласачкото ливче: „Траба ли Гевин Њусон да биде отповикан?“, на актуелниот гувернер ќе му биде потреан поддрпка на повеќе од половината на излезените избирачи за да остане на власт. Доколку не успее, негов наследник ќе биде оној со најмногу гласови меѓу 46-та претежно републикански кандидати.

 

Ароганција

Покрај излезноста која веројатно ќе го одреди исходот од изјаснувањето, Њусом би треабло да има полза од пандемиската практика на испраќање на гласачките ливчиња на сите регистрирани изборачи. А демократите се обвинети дека манипулираат со овој вид дописно гласање и во поглед на веродостојноста и во поглед на рокот за доспевање на таквите гласови. Покрај тоа, не постои ограничување во собирањето средства за кампањата, па синдикатите и локалните моќници го преплавуваат со пари штабот на Њусом за гласањето кое Калифорнија ќе ја чини 280 милиони долари.

Меѓутоа калифорнискиот гувернер се соочува со гафовите кои самиот ги предизвика. Њусом во ноември беше снимен без маска на вечера со лобисти во ресторанот „ French Laundry“ во долината Напа со што ги прекрши епидемиолошките мерки кои самиот ги донесе.

Фотографиите особено ги осуија сопствениците на помалите компании кои беа принудени да ги затворат своите погони и продавници во екот на пандемијата, поради што претпреа загуби а неко имораа и да отпуштаат вработени.

Приврзаниците на отповикувањето ги истакнуваат широко распространетите и тоа меѓупарски заббелешки на работата на Њусо, вклучително и проблемот со бездомниците, високите животни трошоци и огромната измама во случајот на невработеноста којашто калифорниските даночни обврзници ги чинеше милијарди долари.

Со 40 милиони жители, најмногу од сите америакснки држави, Калифорнија би можела да претставува голем симболичен капитал за републиканците кои се подготвуваат за изборите за Конгресот следната година.

Меѓутоа, со повеќето закони кои се на сила кои одат во прилог на демократските ставови и редовните избори за гувернер во ноември 2022 годин ,а на кои се смета дека демократскиот кандидат речиси сигурно би победил, секое влијание на републиканците би можело да биде ограничено.