Бајден во понеделник ќе се вакцинира против Covid-19

Потпретседателот Мајк Пенс ja прими вакцина Pfizer-BioNTech за COVID-19, снимка направена во зградата Ајзенхауер во комплексот на Белата куќа, петок 18 декември 2020 година, Вашингтон. Вакцинирани ба и неговата сопруга Карен Пенс и американскиот хирург генерал Џером Адамс. (AP Photo/Andrew Harnik)

Седумдесет и осумгодишниот новоизбран американски претседател Џo Бајден, ќе се вакцинира во понеделник против Covid-19, изјави во петoкот неговата портпаролка.

„Новоизбраниот претседател Џо Бајден и (неговата сопруга) Џил Бајден ќе ја примат во понеделник првата доза од вакцината на Pfizer во (сојузната држава) Далавер“, изјави Џен Псаки, додавајќи дека настанот ќе биде „јавен“ за да се испрати пораката дека вакцината е „безбедна“.

Идната потпретседателка Камала Харис ќе се вакцинира следната седмица.

Анериканскиот потпретседател Мајк Пенс, задолжен за координирање на борбата против пандемијата од Белата куќа, во петокот ја прими првата доза на американско-германската вакцина на тандемот компании „Pfizer/BioNTech“, што беше пренесувано во живо на американските телевизиски мрежи во време кога се очекува американските регулатори да ја одобрат употребата и на втората вакцина против Covid-19.

Во петокот се вакцинираше и претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, 80-годишната демократска Ненси Пелоси. „Деенска, со доверба во науката (…), ја примив цакцината против Covid-19“, напишта Пелоси на Twitter.