Бајден воведе задолжителна вакцина, тест и маски за вработените во сојузните служби

Американскиот претседател Џо Бајден донесе низа мерки за да го поттикне вакцинирањето против коронавирусот во САД, меѓу кои се задолжителното вакцинирање и низата други мерки за милионите вработени во сојузните служби, соопшти во четвртокот Белата куќа.

Вработените во сојузните служби кои не се вакцинирани нема да смеат да ја симнуваат маската дури ниту во просторите каде што циркулирањето на Covid-19 е слабо, и ќе мораат да се подложуваат на редовни тестирања, еднаш до двапати во семицата.

Покрај тоа, за сојузните службеници ќе бидат и ограничени и патувањата, се наведува во соопштението непосредно пред говорот на американскиот претседател.

Иако нема да има принудно вакцинирање, овој потег сепак претставува големо свртување на администрацијата на Бајден кој сѐ досега ја одбиваше секоја помисла за присилно вакцинирање, повикувајќи попрво на личната одговорност и испраќајќи пораки за охрабрување.

Сојузните државна управа вработува четири милиони луѓе, од кои два милиона се цивили.

Кога станува збор за армијата, американскиот претседател бара од неа да размисли за тоа „како и кога“ би можела да ја додаде вакцината против Covid-19 на листата вакцини задолжителни за припадниците на вооружените сили.

Претедателот Бајден воедни ги повика и локалните власти да му платат сто долар на секој кој ќе се вакцинира, за што може да ги користат вонредните средства издвоени за борбата против пандемијата.