Бајден за четири пати го зголемува бројот за влез на бегалци во САД

Американскиот претседател Џо Бајден конечно во понеделникот се реши да го зголеми од 15.000 на 62.500 бројот на бегалците кои може да влезат во САД во оваа година, по критиките од неговите сопартијци дека и натаму го одржува бројот на историски нискиот минимум.

„Денеската го менувам прагот на годишното прифаќање на бегалците во САД кој минува на 62.500“, објави во писмената изјава претседателот Бајден.

Набрзо откако на 20-ти јануари ја презема должноста, демократскиот претедател вети зајакнување на програмата за прием на бегалците, но потоа ги изненади своите сопартијци и приврзаниците и натаму да го одржи нискиот плафон. Одлуката привремено и натаму да ја задржи историски нискиот праг од 15.000 бегалци, бројка којашто ја одреди неговиот републикански претходник Доналд Трамп, предизвика изненадување во редовите на Демократската партија.

„Ова ја отстранува историски ниската квота од 15.000 утврдена од претходната администрација, што не ги рефлектира американските вредности, како нација која ги профаќа и поддржува бегалците. Новиот лимит за прием на бегалците, исто така, ќе придонесе за постојаните напори за зголемување на можностите на САД кога станува збор за прием на бегалцијте, за да можеме да ја постигме целата за прифаќање на 125.000 во следната фискална година“, се наведува во изјавата на Бајден.

Квотата од 15.000 бегалци за тековната фискална година ја одреди во октомври 2020 година претседателот Трамп и беше најниската од 1980 година. Во фискалата 2020 година, лимитот беше 18.000 лица, односно речиси двојно помал во споредба со претходната 2019 година, кога достигна 30.000 бегалци.

На 16-ти април, Бајден првично одлучи да не го зголемува плафонот за прием на бегалците во фискалната 2021 година, која започна на 1-ви октомври 2020-та, одржувајќи го на 15.000 лица. На острите критики од страна на политичките сојузници, Белта куќа истиот ден одговори дека „таа бројка не е конечна“ ветувајќи дека „претседателот ќе ја постави конечната зголемана квота за бегалците во остатокот од фискалната околуна до 15-ти мај“.

Во февруари Бајден изјави дека има намера да ја зголеми квотата за прием на бегалците од странство на 125.000 во фискалната 2022 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.