17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Бајиќ: Несфатливо ми е некој со 23 години да бара одмор, а 36-годишниот Бојан Трајковски доаѓа на секој тренинг и работи како да има 20

Најдобрата македонска кошаркарска селекција скоро еден месец се подготвува за натпреварите од втората рунда на претквалификации за Светското првенство 2023, а по тој повод челните лица на Федерацијата и селекторот Драган Бајиќ денеска одржаа прес-конференција.

Селекторот се осврна на играчкиот кадар со кој ќе располага, како и со играчите кои не можеа да одговорат на неговиот повик.

„Би сакал да се заблагодарам на раководството на КФСМ за условите кои ги добивме на овие подготовки, како во поглед на тренинзите, така и за сместувањето на кошаркарите и сите придружни елементи кои ѝсе потребни на една репрезентација.Во оваа прилика, сакам да го истакнам односот на сите кошаркари за репрезентативниот дрес. Задоволен сум и за пофалба е нивната работа во овие подготовки како и дисциплината и нивното залагање на тренинзите. Ниеден играч не паузираше повеќе од еден ден, сите имаа желба да се вратат што побрзо и да продолжат со тренинзите“, вели селекторот.

„Во поглед на натпреварите, ни беа откажани неколку дуели поради што не бевме во можност да го одработиме тоа што ни беше потребно. Благодарност до Црногорците кои прифатија да дојдат до Скопје затоа што на нашите момци им беше потребно да ја видат цврстината и формата на противниците во овој момент. Ривалите во овие претквалификации одигра по 5-6 дуели, но без разлика на тоа, ние подготвени ги очекуваме претквалификациите. Не планирам да барам алиби и покрај тоа што не можеме да сметаме на нколку важни натпревари. Некои кошаркари имаат повреди, кај некои постои замор, но има и некои работи кои јас како селектор не ги разбирам“, додека тој.

Селекторот ја објасни ситуацијата со неколку кошаркари кои не се приклучија на подготовките и нема да настапат на претстојните претквалификации.

„Момчето што е во Соединетите Американски Држави (Андреј Јакимовски н.з.) имаше операција на препоните и неговата рехабилитација трае 6-7 недели и знам дека тој сакаше, но не можеше да се приклучи на репрезентацијата. Војдан Стојановски е повреден, не игра повеќе месеци, Дамјан разговараше со мене, имаше приватни причини, Дарко Соколов смета дека можеби неговото време во репрезентацијата поминало и сите имаме разбирање за него. Сметав и на Николовски, но и тој е повреден, Младеновски се појави на почетокот на подготовките, има повреда на зглобот. Стојан Ѓуроски ми се јави уште додека бев дома, знам дека сакаше да помгне, но е повреден“, вели Антиќ.

На крај Бајиќ се осврна на отсуството на нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ.

„Околу Ненад Димитријевиќ, сакам да ја објаснам целата ситуација за да нема дамки околу моето име. Контактирав со него, му кажав дека сакам да биде лидер на оваа репрезентација во следните десетина години. Реков дека е исклучително потребен за да се пласираме во квалификациите. Му реков дека е можно да му дадам одмор понатаму. Јас подоцна имав повик само од неговиот менаџер кој побара Нено да се појави на 28 јули бидејќи имаше тешка задача. Јас поминав преку некои свои принципи, во слична ситуација беше Вајли кој исто така дојде подоцна поради лични проблеми. Несфатливо ми е некој со 23 години да бара одмор, а 36-годишниот Бојан Трајковски доаѓа на секој тренинг и работи како да има 20. Следна работа беше тоа што јас бев известен од луѓето во Федерацијата дека Димитријевиќ нема да се појави на тренинзите. Јас нема ни да тужам, ни да барам причини, толку е од мене, тој не ме удостои да ми се јави и да ми ги каже причините поради кои не дојде. Ја има македонската јавност да ѝ објасни. Го имате Горан Пандев кому не му е тешко на 37 години да игра за репрезентацијата, го имате Кирил Лазаров кој во петтата деценија гине за репрезентацијата, можеби треба да им објасни ним“, заврши Бајиќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.