Бајненс најави можно повлекување од Русија

Најголемата светска берза за криптовалути Бајненс (Binance), ги разгледува своите операции во Русија и би можела целосно да се повлече од оваа земја, објави Волстрит журнал.

„Ги разгледуваме сите можности, а една од нив е целосно повлекување од Русија“, изјави претставник на крипто берзата Бајненс под услов да не биде именуван.

На 26 август, Бајненс им оневозможи на Русите да тргуваат со која било валута освен рубљата преку услугата P2P (peer-to-peer, без посредништво на берза), а тоа се случи откако Волстрит журнал објави дека Бајненс сè уште ги поддржува картичките на санкционирани руски банки, Сбербанк и Тинкоф, пренесува Комерсант.