Баба го снабдувала внукот со дрога во затвор

Баба ќе му се придружи на својот внук во затвор откако е обвинета дека во казнената установа внела дрога, објавија властите на Западна Вирџинија.

Шеесет и четиригодишната Каролин Лоу Геј била уапсена минатата среда, а обвинението ја товари по 15 точки коишто се однесуваат на поседување и растурање дроги.

Локалните медиуми пишуваат дека во кривичната пријава против виталната баба се наведува дека на 2-ри септември во текот на посетата на нејзиниот внук во регионалниот затвор во близина на Мартинсбург, затворскиот чувар слушнал како тој со вознемирен глас ѝ рекол „Дај, дај!“.

Тоа му станало сомнително, па го привел во собата за претрес, но внукот побегнал. Кога чуварот го стасал овој повикал „Бегај бабо, ме фатија!“.

Во кривичната приајва, исто така, се наведува дека кај внукот биле пронајдени 22 сламки затворени од двете страни и исполнети со разни видови дроги, меѓу кои и хероин, а бабата била единственото лице коешто го посетило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.