Баба Перса му ја кажа вистината на Заев во очи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт. Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, „не му завршиле работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО.

„Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил. Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација.СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал.Граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија“, се додава во соопштението.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.