Бабиќ: Ќе дадеме сè од себе да оствариме победа и да ја продолжиме позитивната низа

Хрватскиот стратег на клупата на пелистерци, Жељко Бабиќ, е свесен за квалитетот на нивниот противник, но најави голема борба и победа за продолжување на позитивната низа.

„Новиот тренер на Татабања донесе нова енергија во тимот. Тоа може да се види и во нивните победи во последните натпревари. Можеме да очекуваме еден противник кој игра долг напад, трпеливо, кој има силна надворешна линија која долго време игра заедно. Противник кој е цврст во одбрана, кој добро трча, особено по левата страна и пред сè тим со одличен тренер на клупата. Типичен европски тим.Играчите имаат огромна желба, посветени се, фокусирани и спремни. Во спортот постојат добра форма и моменти во кои исто така работите, но резултатите се различни. За жал кај нас мерило се само резултатите, знам по себе и по другите колеги. Ние сите истоветно работиме, но понекогаш ќе испадне добро, а некогаш не. Задоволни сме и среќни од бодовите освоени на гостински терен, на добар пат сме, имаме добра ситуација и ќе дадеме сè од себе да оствариме победа и да ја продолжиме позитивната низа“, вели Бабиќ.