Бабиш ја спореди Европа со селото на Астерикс и Обеликс

Чешкиот премиер Андреј Бабиш во саботата со францускиот претседател Емануел Макрон го посети чешкиот музеј и притоа изјави дека Чешка е подготвена посилно да се ангажира во чувањето на надворешните граници на Европската унија, споредувајќи ја Европа со галското село познато од стриповите за Астерикс и Обеликс.

Бабиш потсети на одбивањето на Чешка да ги прими имигрантите според респределбата на ЕУ според квотите, освен оние со работни дозволи, но изрази подготвеност неговата земја да придонесува за заштитата на границите на Унијата, што Макрон го оцени како „напредок“.

„Чешка ја има една од најниските стапки на невработеност во Европа.. Сите (странци) коишто доаѓаат во Чешка имаат работна дозвола. Истиот систем треба да се воведе и во Европа“, истакна чешкиот премиер обраќајќи се на француски јазик.

„Секогаш велам, дека тоа е како во случајот на Астерикс и Обелиск и глаското село. Европата треба да се брани на нејзините природни граници“, изјави Бабиш по прошетката со Макрон по познатиот прашки Карлов мост.

„Подготвени сме повеќе да учествуваме во солидарноста, ќе испратиме војнции и полицајци, пари и дополнително да го зајакнеме нашиот придонес“, рече Бабиш/

За севе Бабиш рече дека е „голем пријател на Франција“, земјата во која го минал детството, како и дека мислел остатокот од животот да го мине во Мужен. Според чешките медиуми, нивниот премиер од словачко потекло е сопственик на ресторанот „Палома“ кој има Мишленова ѕвезда во споменатото место во департманот во регионот Приморски Алпи.

„Меѓутоа се фрлив во политиката, така што уште малку ќе останам во Чешка“, изјави овој претприемач милијардер, за кој се проценува дека е вториот најбогат чивек во земјата.