Бабиш порача дека Чешка нема да прими ниеден бегалец

Чешкиот премиер Андреј Бабиш дополнително го засили своето големо противење неговата држава да прима баратели на азил во разговорот за весникот Pravo објавен во саботата, порачувајќи дека Чешка нема да прими ниеден бегалец.

Бабиш порача дека нема да има исклучоци, дури ни во хуманитарни случаи, како што се сириските воени сирачиња. „Зошто би треабло да ги примаме? Имаме сирачиња кои треба да ги подготвиме за животот и тука во нашата земја“, рече Бабиш.

Истакнува дека Чешка покажува солидарност низ финансиска и медицинска помош коишто директно ги испраќа во Сирија и во други кризни жаришта. Чешкиот став е јасен, додава: „Нема да примиме ниеден бегалец“.

Бабиш ги повикува другите држави од Европската унија да „испратат јасен сигнал“ против нелегалните имиграции, така што ќе ги одбијат имигрантите кои доаѓаат со бродови.

Премиерот на Чешка, којашто е членка на ткн Вишеградска група, ја осуди одлуката на Европската унија да покрене процес за санкционирање на Унгарија и Полска, коишто задно со Словачка се во спомената група централноевропски членки на ЕУ.

„Не ми се допаѓа идејата Европската комисија да дејствува против Полска и Унгарија“, истакнува чешкиот премир, запрашувајќи се дали не ја очекува сличната судбина еден ден и Чешка.